Preloader Close

За нас

Ние како семејна компанија ТРГОПРОЕКТ ДОО Струмица постоиме од 1998 година со главна дејност набавка на живи свињи од домашни фарми, безбедна обработка во сертифицирани кланични објекти и дистрибуција на свински половинки во продажни објекти низ Македонија. Со тек на време како растеше побарувачката а со тоа и обемот на работа, се јави потреба од отварање на продажно место каде ќе бидеме во директен контакт со вас, се со цел задоволување на вашите вкусови како за свежо месо така и за месни специјалитети. Со таа идеја во 2007 година се формира подружница на ТРГОПРОЕКТ ДОО Струмица, месарница КАРЕКС која до 2026 година ги задоволуваше потребите на љубителите на свежо месо како во нашиот град така и пошироко во регионот.

Контакт информации

Карекс © 2024. Сите права се задржани.

МЕСАРНИЦА КАРЕКС

ТРАДИЦИЈА И КВАЛИТЕТ
УШТЕ ОД 2007 ГОДИНА

Месарница КАРЕКС беше специјализирана продавница за свежо свинско, јунешко и јагнешко месо. Нудевме широк асортиман на специјалитети од месо со разноврсни вкусови и докажан квалитет. Се трудевме секогаш да го понудиме тоа што го баравте а и тоа што го заслужувавте: квалитет, хигиена, топол прием и пристојни цени. Месото беше исклучиво од домашни фарми каде се врши постојан стручен надзор од соодветни институции кои се задолжени да го следат целиот процес во одгледување, дистрибуција, складирање и одржување, се со цел да го сочуват вашето здравје и вашите потреби од здрава, свежа и безбедна храна. Месарницата престана да работи во 2026 година после 19 години успешно постоење.

19

ГОДИНИ ИСКУСТВО

Одлики

НАЈКВАЛИТЕТНО МЕСО ОД
ПРОВЕРЕНИ ФАРМИ СО ДОЛГОГОДИШНА ТРАДИЦИЈА

Квалитетот на месото ни беше врвен приоритет и затоа го обезбедувавме само од најдобрите домашни фарми.

Свинско месо

Преку сопствена дистрибуција го набавувавме најдоброто свежо свинско месо со потекло од домашни македонски фарми.

Јунешко месо

Од проверени добавувачи го избиравме само најдоброто свежо јунешко месо со потекло од домашни македонски фарми.

Јагнешко месо

Внимателно го избиравме само најдоброто јагнешко месо со потекло од проверени добавувачи и одгледaно во домашни македонски фарми.

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

ЗАТОА ШТО ВИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ
СВЕЖО СВИНСКО МЕСО САМО ОД НАЈДОБРИТЕ ДОМАШНИ ФАРМИ