Preloader Close

За нас

Ние како семејна компанија ТРГОПРОЕКТ ДОО Струмица постоиме од 1998 година со главна дејност набавка на живи свињи од домашни фарми, безбедна обработка во сертифицирани кланични објекти и дистрибуција на свински половинки во продажни објекти низ Македонија. Со тек на време како растеше побарувачката а со тоа и обемот на работа, се јави потреба од отварање на продажно место каде ќе бидеме во директен контакт со вас, се со цел задоволување на вашите вкусови како за свежо месо така и за месни специјалитети. Со таа идеја во 2007 година се формира подружница на ТРГОПРОЕКТ ДОО Струмица, месарница КАРЕКС која до 2026 година ги задоволуваше потребите на љубителите на свежо месо како во нашиот град така и пошироко во регионот.

Контакт информации

Карекс © 2024. Сите права се задржани.

ДИСТРИБУЦИЈА КАРЕКС

ТРАДИЦИЈА И КВАЛИТЕТ
УШТЕ ОД 1995 ГОДИНА

Нашето искуство со дистрибуција на свежо свинско месо на територија на Македонија датира од 1995 година. До ден денес опстојуваме благодарение на довербата која ја градиме со нашите соработници во однос на професионалност, квалитет и безбедност на производите. Месото кое го дистрибуираме се одгледува во домашни фарми по сите стандарди и прописи. Грижата за потеклото и безбедноста на месото ја прифативме како наша обврска и затоа набавката на живи свињи, транспорт до сертифицирани кланични објекти, како и дистрибуција на месото во форма на свински половинки ја вршиме безбедно со наши возила опремени со специјална опрема и разладни уреди.

31

ГОДИНИ ИСКУСТВО

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

ЗАТОА ШТО ВИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ
СВЕЖО СВИНСКО МЕСО САМО ОД НАЈДОБРИТЕ ДОМАШНИ ФАРМИ